Информатика

Page 43

Информатика за V одделение

Оперативен систем Windows Најважни влезни уреди со кои се задаваат командите при работата со компјутерот под оперативниот систем Windows се глувчето и тастатурата. Затоа нив ќе ги објасниме пред да започнеме со објаснување на работата со компјутерот под Windows.

Основни операции со глувчето При работата со глувче, левото и десното копче служат за задавање команди, додека скрол-тркалцето најчесто служи за поместување на содржината на документите нагоре и надолу по екранот. Најчести операции што се извршуваат со глувчето се следниве: Позиционирање е операција што се состои во доведување на покажувачот на глувчето на некое место на екранот (слика, мени, ознака, празно место итн.) со поместување на глувчето по подлогата. Кликнување е брзо притискање и отпуштање на копчето на глувчето (било левото, било десното). Двојно кликнување е двапати едноподруго брзо притискање и отпуштање на копчето на глувчето. Влечење претставува влечење на некој објект (слика, дел од текст и др.) по екранот. Претходно се доведува покажувачот на глувчето врз објектот што сакаме да го влечеме, се притиска копчето од глувчето и се држи притиснато, а потоа се влече глувчето по подлогата, со што објектот се влече по екранот. Кога ќе се доведе објектот на саканата позиција, се испушта копчето од глувчето.

Лevo kop~e

Дesno kop~e

Сkrol-kop~e

Слика 2_38: Копчиња на глувчето

37


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.