SISTINA PLUS No. 4

Page 79

кај оној кој ги чува и ги гуши. Сакаат да биде сакани, ценети и бараат благодарност. Парите сакаат љубов како секое друго живо суштество, затоа не ги озборувајте богатите и сакајте ги на здрав начин, без посесивност и оптоварувања. Парите сакаат искрено да се добредојдени, и одат кај оние кои ги очекуваат со радост, а не како нужно зло. Сакаат да ги почитуваат, што се покажува по начинот на кој парите ви стојат во паричникот, убаво средени, не стуткани по џебови, и сакаат да знаете каква е состојбата на сите ваши сметки. Сакаат разумно да се располага со нив. Една десетина од она што го заработувате дајте го во добротворни цели, на оние на кои им се неопходни, смислено и плански, не на луѓе што просат. Парите се неутрални и ги добиваат карактеристиките кои вие им ги давате. Не сакаат презир, завист и не сакаат да се расфрлате со богатството. Главна пречка на благосостојбата е кога некому завидувате на богатството или ги осудувате парите. ПРИНЦИПИ НА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ПАРИТЕ Постојат одредени принципи како да привлечете пари. Принцип на јасна желба - Јас сакам пари. Принцип на целта - што точно са-

кате и колку пари сакате. Принцип на одлука - одлука дека вие веќе живеете во благосостојба. Чувствувајте се богати и задоволни, посакувајте и замислувајте само добри нешта, верувајте дека веќе го имате тоа. Секојдневно замислувајте го ова и правете го што почесто. Принцип на привлекување со мислите - веќе живеете во благосостојба и тоа често замислувајте го. Принцип на десеттиот дел - една десетина од своите приходи дајте на оние кои немаат доволно пари и на кои им е потребно. Принцип на откажувања - откажете се од нешто во својот живот за да направите место за енергијата на парите. Принцип на неврзување - не врзувајте се за парите и материјалните нешта бидејќи ќе останете без нив. Сè за што сте премногу врзани ќе ви биде одземено, тоа наједноставно е законот на универзумот. СО МИСЛИТЕ ПРИВЛЕКУВАЈТЕ ПАРИ Повеќето луѓе мислат дека нивниот живот па и нивните финансии зависат од другите, надворешните околности, државата, економските експерти, владата...Меѓутоа тоа не е вистина.Нашата судбина и нашите финансии зависат исклучиво од нас

ТЕХНИКИ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ПАРИ Секојпат кога нешто плаќате, односно давате пари, во себе речете си; Со радост ве давам и брзо вратете ми се размножени Секој пат кога ќе добиете пари (плата, хонорар,) односно примате пари, во себе изговорете: Добро ми дојдовте и брзо да се размножите И најважно, и кога примате и кога давате пари бидете задоволни и со позитивни емоции.

самите. Не е важно во која држава живееме, во која компанија работиме и какви ни се животните околности. Важно е што мислиме и што зборуваме за себе. Со промена на својата свест можеме да ја промениме својата финансиска состојба. Напишете позитивни афирмации во сегашно време. -Јас живеам во благосостојба -Имам пари колку што ми се потребни -Мојата работа е одлично вреднувана и наградена -Заработувам сè повеќе Напишете ги десетпати и читајте ги пред спиење и откако ќе се разбудите, сè додека не станат ваша вистина. Сите негативни мисли, сомнежи и стравови поврзани за парите или од некоја друга област од вашиот живот, доколку се појават, веднаш отфрлете ги.

79


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.