Klub Mobiliti (maj 2013)

Page 21

АВТО-МОТО

за автодизајн. Доминацијата на големиот беџ на компанијата на предниот дел веднаш паѓа во очи особено поради високосјајната црна лајсна која ги спојува двете светлосни групи. Како интересен детаљ, кој за прв пат се употребува под знакот на Renault, на предниот дел на возилото, е испишано името на моделот во случајов, Clio. На задниот дел доминантната улога е дадена на светлосната група која со својата поставеност и облик додава доза на агресивност. Новото Clio изгледа многу модерно од кој агол и да се погледне, на моменти делува спортски и агресивно, а од друга страна префинето и шик како најдобро скроено парче на француска дизајнерска гардероба.

По мерка на новата генерација

Кабинскиот простор е значително поголем и попростран од претходната генерација, а тоа е особено забележливо на задната клупа каде што и повисоките лица ќе имаат доволно простор да се сместат, а со колената нема да удираат во седиштата пред себе. Притоа, не е жртвуван просторот во багажникот, кој е со капацитет од 300 литри. Ситуацијата на предниот дел оди во полза на новото Clio. Идеалната позиција на возачот лесно и брзо се пронаоѓа, примарните команди се логички распоредени, а пред возачот е поставена инструмент

табла која е составена од два аналогни дела пресечени со трет инструмент на кој се отчитува дигитален приказ на моменталната брзина. Синтезата со надворешноста е забележлива во уредувањето на предната конзола во која освен добро познатите стандардни прекинувачи е имплементиран и 7 инчен екран од течен кристал кој е чувствителен на допир преку кој се командува со аудио системот и поврзувањето на екстерните уреди од типот на мобилен телефон, USB или пак iPod. Во новата изведба на Clio, посебно внимание е посветено на персонализацијата, па така секој купувач има можност да избере неколку бои на внатрешноста и детали кои се во идентична боја или се во контраст на надворешноста. Опциите не се однесуваат само на кабината, нивниот број е голем доколку се одлучите да го направите уникатен и екстериерот на автомобилот.

На задниот дел доминантната улога е дадена на светлосната група која со својата поставеност и облик додава доза на агресивност.

Мал, но моќен

Во кабинскиот простор преовладува минималистичкиот дизајн преку кој бројот на прекинувачи е сведен на минимум.

5/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

Во тестираниот модел работеше новиот 0,9 литарски (TCE 90) бензински мотор, првенец во новото портфолио на брендот кој користи само 3 цилиндри. На прва делува малку чудно, но штом седнете зад воланот ќе ја потврдите нашата констатација, дека агрегатот е прилично добар. Малата зафатнина на агрегатот произведува точно 90 КС, кои се постигнати со релевантна помош. Вградениот турбо полнач со низок притисок, освен моќта обезбедува и 135 Нм вртежен момент при 2500 вртежи, од кои 90% се на располагање веќе од 1650 врт./ мин. Од големо значење кај новиот 21


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.